• среда, 25 декември 2024

Тажна вест: Почина 19-годишен ракометар на Аеродром

Тажна вест: Почина 19-годишен ракометар на Аеродром

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) – Уште една трагедија се случи во македонскиот ракомет. Синоќа почина млад ракометар. Станува збор за 19-годишниот Андреј Петрески, кој беше член на клубот Аеродром.

 

Петрески кој беше познат меѓу соиграчите по прекарот „штурче“ починал во својот дом.

 

Македонскиот талентиран ракометар играше на позицијата лево крило и се наоѓаше на поширокиот список на македонската кадетска репрезентација. зс/

Остани поврзан