• среда, 25 декември 2024

ТАВ Аеродроми: Трансавиа ќе воведе нова линија од Скопје до Амстердам од март 2025 година

ТАВ Аеродроми: Трансавиа ќе воведе нова линија од Скопје до Амстердам од март 2025 година

Скопје, 24 декември 2024 

- Нискобуџетната и втора по големина авиокомпанија во Холандија чија база е аеродромот Шипхол во Амстердам, од 23 декември започна со продажба на билети за летови преку нивната веб-страница: https://www.transavia.com/

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ.

Трансавиа, која е нискобуџетна авиокомпанија и која нуди патувања низ Европа по пристапни цени, ќе почне да лета од Амстердам до Скопје на 2 март 2025 година.

Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Детали за времето на пристигнување и полетување, како и информации за достапноста и резервацијата на авиобилетите може да се најдат на веб-страницата на Трансавиа: https://www.transavia.com/home/en-nl.

„Оваа прекрасна нова авиолинија меѓу Скопје и Амстердам ќе биде одлично воздушно поврзување со главниот град на Холандија, перфектно за продолжен викенд или за одмор во градот каде што македонските граѓани ќе можат да го доживеат енергичниот град познат по својата уметност, култура, историја, архитектура и живописни пејзажи.“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Оваа нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, која се воведува по речиси повеќе од 12 години, со која се поврзува Скопје со Амстердам, ќе им понуди на патниците поголеми можности за конекции и удобност, овозможувајќи повеќе опции за патување, поддршка на туризмот и обезбедување беспрекорно патничко искуство и за деловни патувања и за туристички или рекреативни патувања.

Со ова ново дополнување кое е резултат на напорите на ТАВ Македонија за развој на мрежата на авиолинии и на скопскиот и на охридскиот аеродром, аеродромскиот оператор продолжува со својата посветеност да го прошири своето портфолио преку збогатување на мрежата на авиолинии, истовремено обезбедувајќи им на патниците подиректни опции, како и обезбедувајќи беспрекорно и ефикасно патничко искуство.

ТАВ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ТАВ

 

 

Остани поврзан