• среда, 27 ноември 2024

Сѐ почести безобѕирните и груби патници во авионите

Сѐ почести безобѕирните и груби патници во авионите

Лос Анџелес, 12 јули 2023 (МИА) - Бранот груби, пијани и насилни патници во авионите, којшто се појави за време на корона-пандемијата, не стивнува, предупредуваат бројките.

Бројот инциденти поврзани со непочитувањето правила во авионите, кусо опадна по укинувањето на корона-мерките, но повторно почна да расте во текот на 2022 година. Статистиката ја потврдуваат и бројните видеа со луѓе кои почнуваат расправија. Според Меѓународната асоцијација на авиокомпании (ИАТА), лани имало по еден инцидент на 568 лета, а во 2021 година - еден на 835 летови.

Овие т.н. безобѕирни патници најчесто одбиваат да носат појаси, инсистираат на преголем рачен багаж, се тепаат, пушат вистински или електронски цигари и се впуштаат во кавга за своите ставови. Според ИАТА, бројот „непримерни“ патници во 2022. се зголемил за 37 отсто во однос на претходната година.

Физичките напади се ретки (на еден од 17.200 летови), но и тоа е скок од 61 отсто за една година.

Во првата половина на 2023 година, бројот на инциденти сè уште е двојно поголем од просекот пред здравствената криза, според Американската управа за цивилно воздухопловство - ФАА. Оттаму се залагаат за „нулта толеранција“ за вакви испади и лани поднеле обвиненија против недисциплинирани патници, во вкупна вредност од 8,4 милиони долари во казни. си/рп/

Фото: ТикТок

Остани поврзан