• четврток, 26 декември 2024

Схинас: На есен вакцини произведени во Европа и само со технологијата mRNA

Схинас: На есен вакцини произведени во Европа и само со технологијата mRNA
Атина, 26 април 2021 (МИА) – ЕУ од есен најавува нов план во снабдувањето со вакцини, најави потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас во интервјуто за грчкото радио „Скај“, објаснувајќи дека постои одлука преговорите да се водат со компанија што ја користи технологијата mRNA,  производството на втората генерација вакцини да биде во Европа, а најблиску до овие услови е Фајзер/БиоНТек, јави дописничката на МИА од Атина. Схинас откри дека планирано е ЕУ да обезбеди 900 милиони дози во 2022 година и други 900 милиони во 2023 година. -Втората генерација вакцини, таканаречените засилувачи, што ќе ги покриваат сите можни мутации, треба во секој случај да бидат во платформата на mRNA. Такви вакцини произведуваат Фајзер и Модерна, а во договорите ќе побараме овие вакцини од втората генерација да се произведуваат во Европа и овој услов го има Фајзер, нешто што значи дека де факто се движиме во насока на преговори со Фајзер, бидејќи тие ќе можат не само да ни ги понудат овие засилувачи што ќе ги покријат сите мутации, туку и да го имаат и вториот важен услов што го бараме, а тоа е целото производство на оваа втора генерација вакцини да биде во Европа, во европски фабрики, објасни Схинас. Во однос на т.н. „зелен пасош“, потпретседателот на ЕК рече дека сигурно Унијата ќе биде подготвени за летото, а целиот процес се очекува да заврши во првите седмици од мај. ср/сд/

Остани поврзан