• вторник, 24 декември 2024

Суша во Франција

Суша во Франција

Париз, 21 февруари 2023 (МИА) – Во Франција не врне дожд 31 ден, што е најдолгиот зимски период без врнежи од 1959 година, кога првпат почнале официјалните мерења, јавија денеска француските медиуми.

Во извештајот на националната метеоролошка служба Метео Франс, се наведува дека почвата низ Франција е многу сува за овој период од годината и тоа по долгата суша што ја зафати земјата минатото лето.

Моменталните временски услови се совпаѓаат со оние типичните за средината на април, велат метеоролозите и го најавуваат еден од најсувите февруари откако се вршат мерења. јт/

Фото: Твитер

 

Остани поврзан