• четврток, 26 декември 2024

Сушата на Рогот на Африка е комбинација од недостиг на дожд и високите температури

Сушата на Рогот на Африка е комбинација од недостиг на дожд и високите температури

Париз, 27 април 2023 (МИА) - Сушата што го зафати Рогот на Африка е резултат на комбинација од недостиг на дожд и високите температури до кои не можеше да дојде без човечкото влијание.

„Климатските промени предизвикани од човечки активности ги направија сушите на земјоделските култури на Рогот на Африка за околу 100 пати поверојатни. Истражувањето го објавија група научници од World Weather Attribution (WWA).

Од крајот на 2020 година, земјите од Рогот на Африка (Етиопија, Еритреја, Сомалија, Џибути, Кенија и Судан) доживуваат суша од катастрофални размери што не се забележани во претходните 40 години.

Според наодите на 19-те научници кои работеле на извештајот, климатските промени имале „мало влијание врз неодамнешните годишни врнежи во регионот“.

Меѓутоа, тие силно влијаеле врз зголемувањето на температурата, што е одговорна за наглото зголемување на транспирацијата кај растенијата, што доведе до рекордно сушење на почвата и сушење на растителните видови.

Следејќи неколку параметри, научниците заклучија дека е „јасно“ дека климатските промени се неопходен услов за да се случи толку голема суша. сд/

Остани поврзан