• среда, 25 декември 2024

Сушата и сушната почва го пролонгира пошумувањето над езерото „Младост“

Сушата и сушната почва го пролонгира пошумувањето над езерото „Младост“
Велес, 1 декември 2020 (МИА) - Есенското пошумување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“ кое екипи на ШС „Бабуна“ од Велес требаше да го отпочнат во ноември е пролонгирано поради сушната почва. - Се надевме дека  сепак  временските прилики деновиве  ќе ни одат во прилог и ако заврне дожд веднаш стартуваме со планираното есенското пошумување на 20 хектари, информира за МИА, Љубенка Попова директор на ШС „Бабуна“ од Велес. Таа појасни  дека се планира овие површини да се засадат воглавно со багремови садници, а кои се поотпорни во случај на пожар, а во помал број и црн бор и чемпрес. Инаку нивни екипи веќе извршија пошумување со бел бор на терените меѓу селата Горно и Долно Јаболчиште. Моментално и се уште се одвива пошумување со садници на бел бор околу планинарскиот дом на Чеплес кој е лоциран под Солунска Глава. ад/аа/  

Остани поврзан