• четврток, 26 декември 2024

СУТКОЗ: Менаџментот на „Комунална хигиена“ треба да ги поништи одлуките за отказ

СУТКОЗ: Менаџментот на „Комунална хигиена“ треба да ги поништи одлуките за отказ

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Синдикатот на угостителство, туризам, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитени друштва (СУТКОЗ) информира дека од страна на Државниот инспекторат за труд е донесена мерка со која менаџментот на „Комунална хигиена“ треба да ги поништи одлуките за отказ.

- Ве известуваме дека од страна на Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, се вели во соопштението од СУТКОЗ. 

Од СУТКОЗ очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје утре на седница да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати назад на работа.

Вработените во „Комунална хигиена“ протестираа во почетокот на јули поради отпуштањето на нивните колеги и барајќи повисоки плати. Поради протестот, неколку дена во главниот град не беше собран сметот. бак/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан