• вторник, 24 декември 2024

Суспендирани над 6.000 ученици во Грција поради користење мобилен телефон за време на настава

Суспендирани над 6.000 ученици во Грција поради користење мобилен телефон за време на настава

Атина, 21 октомври 2024 (МИА) – Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 6.043 ученици, според министерот за образование, религија и спорт Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за радиото „Скај“, надлежниот министер истакна дека мерката воведена за првпат оваа година има „спектакуларно добро“ влијание и е прифатена од училишната заедница.

На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“. ср/ссм/

Остани поврзан