• недела, 10 ноември 2024

Суперкупот на УЕФА ќе се игра со гледачи

Суперкупот на УЕФА ќе се игра со гледачи
Нион, 25 август 2020 (МИА) - УЕФА реши натпреварот во Суперкупот да се игра со ограничен број на гледачи. Трибините во Будимпешта ќе бидат исполнети со не повеќе од 30 проценти од капацитетот, се вели во соопштението на УЕФА. Натпреварот помеѓу шпанската Севиља (победник во Лига Европа) и Баерн Минхен (победник во Лигата на шампионите) ќе се одржи на 24 септември на стадионот „Ференц Пушкаш“. Овој натпревар може да биде прв на турнирите во организација на Европската фудбалска асоцијација по паузата поради коронавирус, на кој ќе се дозволи одреден број на навивачи на трибините. зс/

Остани поврзан