• сабота, 27 јули 2024

Суниог на проштални средби со косовските лидери: Забрзајте ги реформите за патот на Косово кон ЕУ

Суниог на проштални средби со косовските лидери: Забрзајте ги реформите за патот на Косово кон ЕУ

Приштина, 22 јули 2024 (МИА) – Шефот на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Томаш Суниог, кој го отслужува својот мандат, денеска за последен пат отиде како амбасадор на Унијата во кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Суниог на својата страница на платформата „Х“ напиша дека му се заблагодарил на Курти за соработката и го охрабрил да ги забрза реформите за приближување кон ЕУ.

– Ја потврдив улогата на ЕУ како стабилен и незаменлив партнер за Косово и го охрабрив (Курти) да ги забрза неопходните реформи за патот на Косово кон ЕУ, напиша досегашниот амбасадор на ЕУ во Приштина.

Исто така преку објава на „Х“, Суниог информира и за прошталната средба што ја имал со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со собранискиот спикер, Глаук Коњуфца и со вицепремиерите Бесник Бислими и Емилија Реџепи, на кои исто така им нагласил дека во Брисел постои цврста посветеност за поддршка на Косово на неговиот пат кон Унијата. иа/

Остани поврзан