• петок, 27 декември 2024

Суниог: Земјите на ЕУ кои не го признале Косово очекуваат напредок во дијалогот со Србија

Суниог: Земјите на ЕУ кои не го признале Косово очекуваат напредок во дијалогот со Србија

Приштина, 9 октомври 2022 (МИА) – Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог вели дека петте држави членки на Унијата кои сé уште не го признале Косово очекуваат напредок во преговорите со Србија пред да одлучат „како ќе продолжат понатаму“ во однос на признавањето, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за Радио Косово, Суниог рече дека таквиот став му бил потврден на неговите средби со шефовите на канцелариите за врски на тие држави во Косово.

- Според она што сум го видел јас при моите средби со официјални претставници на канцелариите за врски на државите кои не го признале Косово, а кои имаат свои претставништва во Приштина, тие очекуваат да видат напредок во дијалогот со Србија и нормализација на односите. Тоа сметам дека може да придонесе кај тие држави за да видат како ќе продолжат понатаму, изјави Суниог.

Од 25-те држави членки на ЕУ, косовската независност, прогласена во февруари 2008 година, се уште не ја признале Шпанија, Романија, Словачка, Грција и Кипар. иа/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан