• сабота, 23 ноември 2024

Сунак со најмногу гласови и во вториот круг од гласањето за замена на Џонсон

Сунак со најмногу гласови и во вториот круг од гласањето за замена на Џонсон
Лондон, 14 јули 2022 (МИА) - Поранешниот министер за финансии, Риши Сунак обезбеди најмногу гласови во вториот круг од гласањето за замена на Борис Џонсон како лидер на Конзервативната партија. Тој со 101 глас е еден од петте кандидати кои одат во следен круг. Останатите се министерката за трговска политика Пени Мордаунт со 83, министерката за надворешни работи Лиз Трас со 64, политичарката Кеми Беднок со 49 и политичарот Том Тугенхат со 32 гласа, јави Би-Би-Си. Сунак имаше најмногу гласови од колегите и во првиот круг, 88, а веднаш зад него беше Мордаунт со 67 гласа. Џонсон си поднесе оставка од позицијата претседател на Конзервативната партија, но останува премиер на Велика Британија сè додека не се избере нов партиски лидер. бд/паг/

Остани поврзан