• вторник, 24 декември 2024

Сунак: Велика Британија распоредува сили во источниот Медитеран за да го поддржи Израел:

Сунак:  Велика Британија распоредува сили во источниот Медитеран за да го поддржи Израел:

Лондон, 12 октомври 2023 (МИА) - Велика Британија ќе испрати авиони за набљудување и два брода на Кралската морнарица во источниот Медитеран „за поддршка на Израел“, соопшти денеска Кабинетот на премиерот Риши Сунак

„Премиерот побара воени средства на Велика Британија да бидат распоредени во источниот Медитеран за поддршка на Израел, зајакнување на регионалната стабилност и спречување на ескалација“, се вели во соопштението. 

Авионите за поморска патрола и надзор ќе почнат да летаат во регионот од утре „за да ги следат заканите за регионалната стабилност како што е трансферот на оружје на терористичките групи“. 

„Во меѓувреме, работната група на Кралската морнарица ќе биде преместена во источниот Медитеран следната недела како вонредна мерка за поддршка на хуманитарните напори“, се посочува во соопштението. 

„Распоредувањето на нашата војска од светска класа ќе ги поддржи напорите за обезбедување регионална стабилност и спречување на понатамошна ескалација“, рече Сунак во изјавата. 

Британскиот премиер се очекува утре да разговара со северноевропските лидери за ситуацијата во Израел на самит во Шведска. ссм/

фото: архива

Остани поврзан