• сабота, 28 декември 2024

Сузуки: Јапонија не е сигурна како Русија ќе ја наплаќа енергијата во рубљи

Сузуки: Јапонија не е сигурна како Русија ќе ја наплаќа енергијата во рубљи
Токио, 24 март 2022 (МИА) - Јапонија сè уште не е сигурна како Русија ќе го спроведе своето барање за плаѓање во рубљи за нејзината енергија продадена на „непријателските“ земји, изјави министерот за финансии Шуничи Сузуки. „Во моментов ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства бидејќи не разбираме точно која е намерата (на Русија) и како би го направила тоа“, рече министерот Сузуки на парламентарната седница. Рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави дека ќе бара исплата во рубљи за продажба на гас на „непријателските“ земји, вклучително и Јапонија, по санкциите на Западот против неговата инвазија на Украина. Сузуки рече дека владата внимателно ќе ги следи „нус појавите“ од нејзините санкции насочени кон Русија врз јапонската економија и финансиските пазари и ќе преземе соодветни чекори во координација со Г7 и меѓународната заедница. паг/  

Остани поврзан