• среда, 13 ноември 2024

Судски процес против Тунберг

Судски процес против Тунберг

Стокхолм, 6 јули 2023 (МИА) – Шведската еколошка активистка Грета Тунберг на 24 јули ќе се појави пред суд, поради „непослушност кон полицијата“ за време на протест, објави шведското обвинителство.

Тунберг (20) на 19 јуни заедно со група млади демонстранти блокираа танкери со нафта во Малме. Таа одби да го напушти протестот кога тоа беше наредено од полицијата. За тоа таа би можела да биде казнета со шест месеци затвор или парична казна.

Тунберг и тројца демонстранти на групата „Поврати ја иднината“ шест дена го блокираа пристаништето во Малме, барајќи мерки против климатската криза.

Климатската криза веќе е прашање на живот и смрт за безброј луѓе, напиша Тунберг на Инстаграм кога се приклучи на протестот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан