• недела, 24 ноември 2024

Судскиот совет повторно на 9 октомври ќе носи одлука за делегирање на судии низ судовите во земјава

Судскиот совет повторно на 9 октомври ќе носи одлука за делегирање на судии низ судовите во земјава

Штип, 3 октомври 2023 (МИА) - Судовите низ земјава имаат проблеми со кадровската екипираност, посочи претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев. Тој во штипскиот Апелационен суд одговараше на прашањето за укинувањето на решенијата на Судски совет за делегирање на судии во судови каде што има недостаток од судии од страна на Врховниот суд.

- Во однос на прашањето дека се укинати решенијата за делегираните завршени академци и избрани во редот на судството, ќе истакнам само по видување на Врховниот суд, да, точно е дека се вратени овие одлуки. Но, еве ние закажавме на 9 октомври седница каде што повторно ќе се одлучува за оваа прашање. Морам да истакнам дека некогаш делегирањето е неблагодарно за еден дел на колеги коишто треба патуваат, треба да престојуваат во други градови, но состојбата таква што трае и имаме состојба на недостаток на судии, изјави Георгиев.

Посочи дека добар дел од судиите во земјава заминуваат во пензија, а тоа се гледа и низ екипраноста и на Основните судови, како и во штипскиот Апелациски суд, каде што денеска беше судската фела на пуштање на нова фотоволтаична централа.

- Имаме реален проблем во однос на кадровската екипираност во делот на судиите во државата. Имаме судови каде што недостасуваат судии. Особено е изразен тој проблем во истокот на државата. Проблемот е изразен и во Апелација овде во Штип и се тоа е како реален проблем, а надлежност на Судскиот совет и треба да го решава. За Апелација Штип веќе имаме огласено оглас за двајца граѓански судии и еден кривичар и уште еден граѓански судија кој е огласен во месец јули, рече Георгиев.

Во последните три години на ниво на државата 1.502 судии заминале во пензија, во наредните две години се очекува да се пензионираат уште стотина судии. Со ова ситуацијата станува алармантна и повеќе од потребно е да се вработуваат нови судии. Георгиев истакна дека на седницата на Судски совет закажана за 9 октомври повторно ќе се разгледа прашањето за нови судии.

- Станува збор за преодна генерација, добар дел од судиите во државата заминуваат во пензија, имаме состојба кога за последните три години некаде околу 150 судии остваруваат право на старосна пензија со тоа што наредната проекција е за 2024 и 2025 година и уште стотина судии ќе одат во пензија, додаде Георгиев.

Проблем со недостаток на судии има во сите основни судови во државата. Претседател на суд нема во Берово и Делчево, а единствениот судија во беровскиот основен суд е делегиран од Кочани. вдј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан