• сабота, 23 ноември 2024

Судскиот совет на јавна седница ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховен, Беса Адеми

Судскиот совет на јавна седница ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховен, Беса Адеми

Скопје, 29 декември 2023 (МИА) - Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката. 

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии. ев/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан