• четврток, 02 јануари 2025

Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари

Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари

Скопје, 30 декември 2024 (МИА) - Изборот на нов претседател на Судскиот совет е закажан за в петок, соопштуваат од Советот.

Поранешната претседателка, Весна Дамева, пред еден месец поднесе неотповиклива оставка. Како причина за оставката, го наведе „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“.

Покрај изборот на претседател, на дневниот ред од 510-та седница што треба да започне во 9:30 часот се и разгледување и одлучување по приговор од судија, како и други прашања. ар/aa/
Фото:МИА архива 

Остани поврзан