• недела, 24 ноември 2024

Судскиот совет на Годишно собрание на мрежата на совети на Европа

Судскиот совет на Годишно собрание на мрежата на совети на Европа
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Во Атина се одржува тридневното Генерално собрание на Еврпоската мрежа на совети за правосудство на Европа (ENCJ) на кое за прв пат учевствува и Северна Македонија како набљудувач. Оваа година, како што соопшти Судскиот совет, тема на собранието е правосудната солидарност во време на кризи. - Високи личности од сферата на правосудството од цела Европа ги изложија резултатите од истражувањата, како и решенијата за унапредување на независноста, отчетноста и квалитетот на правосудството, се вели во соопштението. Нашата држава е преставена од претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска и членот на советот, Миљазим Мустафа, кои имаат активно учество на годинешното Генерално собрание на ENCJ. - Деновиве во Атина, на настанот беа изложени и резултатите од доскорешниот Правен форум за дигитализација на правосудните системи при што беа споделени искустгва од авансирање на ИТ технологијата и нејзината употреба во сферата на правосудството со цел подобрување на судските перформанси, односно олеснување на патот кон правдата за граѓаните, наведуваат од Судскиот совет. На собирот, Црвенковска и Мустафа остварија средба со претседателот на ENCJ, Филипо Донати кој го поздрави нашето прво учевство и изрази силна подршка за нашата држава за реформскиот процес, дигитализацијата и активностите кои се преземаат од Судскиот совет во правец на создавање на независен, професионален и транспарентен судски систем. Била остварена и средба со Димитрос Скалтсунис, претседател на Врховниот правосуден совет за управно право на Грција со кого се споделиле искуства, но и се дискутирало за можни решенија за што поефикасно реформирање на судството. - Годишното собрание беше искористено да се остварат и неколку билатерални средби. Со преставниците на Црна Гoра беше дебатирано за Методологијата за квалитативно оценување на судиите која започна со имплементација од страна на Судскиот совет, а се договори наскоро да се реализираат посети со цел да се продлабочи соработката. Со преставниците на Косово беше разгледана можноста за соработка во ИТ технологијата, како и во областа на управното судство. Средба беше остварена и со високите преставници на норвешкото судство на која беше нагласена нивната поддршка за надградба на АКМИС системот, но и се дискутираше и за други проекти важни за унапредување на македонското судство, се наведува во соопштението. мс/дма/

Остани поврзан