Судскиот совет избра нови 49 судии низ државава
- Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Скопје, 10 март 2025 (МИА) - Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
За судии на Основен суд - Битола избрани беа Марија Филиповска - Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска - Лазановски.
За судии на Основен суд - Гевгелија беа избрани Ива Цоневска - Вангелова и Марта Спасовска.
Полумбеша Сефери, Арлинда Адеми - Османи, Љеонора Јакупи, Кујтим Фетаи и Ален Садику беа избрани за судии на Основен суд - Гостивар.
За судии на основните судови во Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Свети Николе, Струга и Велес, избрани беа Наташка Атанасовска, Костадинка Крстевска - Петрова, Урим Јусуфи, Иван Стојанов, Даниела Младеновска - Митовска, Марина Мишева, Јасна Парталоска и Мила Цилакова.
За судии на Основен суд - Куманово беа Натали Колев - Бојковиќ, Бехар Амети, Арефат Весели и Арменд Мехмети.
Елена Балевска и Илсен Салиеска Патилоска беа избрани за судии на Основен суд - Охрид, додека во прилепскиот Основен суд - Филип Пашоски, Хари Караџоски, Петар Карагулески и Јане Јаковоски.
За судии на Основен суд - Струмица избрани беа Марија Маневска и Гордана Мачукова.
За судии на Основен суд - Тетово избрани беа Арлинда Османи, Емира Асани, Борче Костовски и Адмире Адеми.
За судии на Основен суд - Штип избрани беа Марија Михова и Дејана Дејановска.
Судскиот совет за судии на Основен граѓански суд - Скопје ги избра Маја Бошковска, Мартина Коцевска - Ролевска, Сања Анѓелеска, Ирина Нефтенова - Пешевска, Валмира Аџиреџа и Љира Бојко.
За судии на Основен кривичен суд - Скопје избрани беа Сања Лазова - Стојанова, Тереза Лазовска, Елизабета Постоловска, Maja Котевска, Билјана Шуплиновска - Јовевски и Санида Јашар.
На седницата членовите на Судски совет истакнаа дека најголем интерес имало за судските места во скопските судови. бд/нд/
Фото и видео: МИА