• недела, 24 ноември 2024

Судскиот совет донесе одлуки за објавување огласи за избор на 23 судии во повисоките судови

Судскиот совет донесе одлуки за објавување огласи за избор на 23 судии во повисоките судови

Скопје, 12 декември 2023 (МИА) – Судскиот совет на денешната седница донесе одлуки за објавување на огласи за избор на шест судии на Врховен суд на Република Северна Македонија и 17 судии на Апелационите судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип.

На денешната 468-та седница, Советот донесе одлука за објавување оглас за избор на судии на Врховен суд на РСМ и тоа тројца за кривична материја, и тројца за граѓанска материја. Беше формирана и Комисија за рангирање на изборот на судии.

Од анализата за потребата за донесување на Одлука за објавување оглас за избор на судии на апелациони судови во РСМ, произлезе одлуката на Советот да се објави оглас за избор на 17 судии.

За Апелационен суд Скопје, Советот донесе одлука за избор на шест судии од граѓанска и четири од кривична материја. За Апелационен суд Битола беше донесена одлука за избор на тројца судии од граѓанска област и еден од кривична. Во Апелациониот суд Гостивар, со денешната одлука ќе се избираат двајца судии за граѓанска материја, а во Апелационен суд Штип еден судија од граѓанска област.

За сите апелациони судови беа формирани и комисии за рангирање на изборот. ар/аа/
Фото: Принтскрин 

 

Остани поврзан