• вторник, 24 декември 2024

Судскиот совет вечерва на итна седница ќе расправа за одземање на имунитетот на врховниот судија

Судскиот совет вечерва на итна седница ќе расправа за одземање на имунитетот на врховниот судија

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Судскиот совет вечерва на полноќ ќе одржи итна седница на која ќе расправа по барањето на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на врховниот судија и за одобрување на притвор кој се сомничи за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Итната седница следува по информациите од Министерството за внатрешни работи дека денеска е уапсен судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Уапсениот судија има право да се повика на судскиот имунитет за кој одлучува Судскиот совет со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас. ар/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан