• сабота, 23 ноември 2024

Судот ја забрани ја забрани химната на протестите „Слава на Хонг Конг

Судот ја забрани ја забрани химната на протестите „Слава на Хонг Конг

Хонг Конг, 8 мај 2024 (МИА) – Апелацискиот суд на Хонг Конг ја потврди владината одлука за забрана на химната на протестите „Слава на Хонг Конг“. Одлуката уследи по новиот закон за национална безбедност што Пекинг го користи за да ги гони опозициските активисти и да ги затвори либералните медиуми.

Судиите во случајот пресудија дека авторот на химната имал намера таа да служи како оружје.

- Во рацете на оние кои имаат намера да поттикнуваат отцепување и немири, песната може да се искористи за поттикнување антивладини чувства … потребна е судска наредба за да се убедат интернет провајдерите да ги отстранат навредливите видеа поврзани со песната од нивните платформи. Иако интернет провајдерите не учествуваа во тужбата, тие покажаа дека се подготвени да го исполнат барањето на владата доколку има судски налог, се наведува во судската одлука.

Полуавтономниот Хонг Конг беше вратен од Велика Британија на Кина во 1997 година, под услов слободите во градот да бидат загарантирани според формулата „Една земја, два системи“. Хонг Конг нема своја национална химна. Песната „Слава на Хонг Конг“ е напишана за време на масовните продемократски протести во 2019 година и се сметаше за неофицијална химна, за разлика од официјалната химна на Кина „Марш на волонтерите“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан