• среда, 27 ноември 2024

Судот пресуди во корист на Мицкоски по тужба против СДСМ за клевета и навреда

Судот пресуди во корист на Мицкоски по тужба против СДСМ за клевета и навреда
Скопје, 1 април 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил ја објави пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во негова корист во случајот со СДСМ, поради објави на официјалната ФБ страница на партијата во која го нарекуваат „пион на Груевски“. Според Судот, објавата во која од СДСМ напишале „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“, согласно членот 6 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и претставува навреда. Како клевета наведени се во пресудата уште две изјави на СДСМ. Мицкоски во случајот барал симболичен надомест од едно евро. - И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени. Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!, стои во објавата на фб статусот на Мицкоси. Основниот граѓански суд Скопје пресудил во корист на Мицкоски и во случајот против претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски за две изјави во кои тој вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го продал името и дека бил уценет, а кои во пресудата се наведени како клевета.
Судот воедно, со пресудите им налага на СДСМ и на Ристовски, истите да ги објават во весник во рок од 15 дена од приемот, како и да му ги платат судските трошоци на Мицкоски соодветно во износ од 12.098 денари, односно  33.927 денари во рок од 15 дена од правосилност на пресудата. вг/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан