• среда, 25 декември 2024

Судот на Хамас во Газа пресуди дека жените не можат да патуваат без дозвола на старател

Судот на Хамас во Газа пресуди дека жените не можат да патуваат без дозвола на старател
Газа, 15 февруари 2021 (МИА) - Исламскиот суд во Pојасот Газа, управуван од Хамас, пресуди дека на жените им е потребна дозвола од машки старател за да патуваат. Ова дополнително го ограничува патувањето од таа палестинска територија, која е под блокада на Израел и Египет од 2007 година, кога Хамас насилно ја презеде власта, поразувајќи ги силите лојални на противничката, поумерена Фатах. Врз основа на одлуката на Шеријатскиот судски совет, немажените жени нема да можат да патуваат без дозвола на нивниот „старател“, што обично е алузија на таткото или на друг машки постар член на семејството. Дозволата ќе мора да биде регистрирана на суд, но старателот нема да биде обврзан да ја придружува жената на нејзиното патување. Одлуката сугерира дека мажените жени нема да можат да патуваат без дозвола на нивниот сопруг. Покрај тоа, се наведува дека маж, кој смета дека патувањето е штетно, може да биде забраето од страна на татко или дедо, но тој не мора однапред да бара дозвола, а роднина мора да поднесе тужба до судот за да го спречи патување . ссм/  

Остани поврзан