• петок, 27 декември 2024

Судот на ЕУ ја потврди забраната за рускиот државен медиум „Раша тудеј“

Судот на ЕУ ја потврди забраната за рускиот државен медиум „Раша тудеј“
Луксембург, 27 јули 2022 (МИА) - Второстепениот европски суд денеска ја потврди забраната за емитување на програмата што Европската унија и ја изрече на руската државна медиумска куќа „Раша тудеј“ (РТ) во март годинава со образложение дека „систематски шири дезинформации за руската инвазија врз Украина“. Големиот совет на Европскиот суд на правдата го отфрли барањето на РТ на Франција за поништување на актите на Советот, усвоени по избувнувањето на војната во Украина, кои привремено ѝ забрануваат на таа организација да емитува содржини, заклучи Европскиот суд на правдата, со седиште во Луксембург. Одлуката на судот на ЕУ да ја потврди забраната за руската државна телевизија РТ е „крајно негативна“, а Москва ќе одговори со преземање слични мерки против западните медиуми, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека РТ се уште не може да работи во Европа, но дека се надева дека ќе најде модел за да продолжи да ја емитува својата програма. ми/

Остани поврзан