• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Судот на ЕУ казни пет земји поради неисполнување на обврските за заштита на укажувачите

Судот на ЕУ казни пет земји поради неисполнување на обврските за заштита на укажувачите

Брисел, 6 март 2025 (МИА) - Европскиот суд на правдата изрече казни за пет земји поради неспроведување на регулативите за заштита на укажувачите (whistleblowers), кои пријавуваат злоупотреби и корупција.

Германија е казнета со 34 милиони евра, Чешка со 2,3 милиони, Унгарија со 1,75 милиони, а Естонија и Луксембург со по 500.000 евра.

ЕУ ги усвои правилата за заштита на укажувачите уште во 2019 година, но некои земји не ги имплементираа во националното законодавство до крајот на 2021 година, што доведе до санкции. ссм/

фото: архива

Остани поврзан