• среда, 25 декември 2024

Судот запре аукција на Златната топка на Марадона

Судот запре аукција на Златната топка на Марадона

 

 

Париз, 6 јуни 2024 (МИА) – Францускиот суд ја усвои жалбата на наследниците на Диего Марадона да се запре планираната аукција за продажба на Златната топка, која легендарниот аргентински фудбалер ја доби како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година, јави агенцијата ДПА.

Апелацискиот суд во Версај во средата ја поништи претходната судска одлука со која се дозволува аукцијата да се одржи и покрај противењето на двете ќерки на Марадона, кои ја оспоруваа сопственоста на трофејот.

Трофејот што се водеше за исчезнат, најверојатно, бил украден од сеф во банка во Неапол во 1989 година, кога Аргентинецот беше играч на Наполи. Потоа се појавија информации дека „Златната топка“ се појавила во 2016 година, кога колекционер ја купил за скромна сума, заедно со други награди.

Двајца експерти подоцна утврдија дека тоа е навистина Златната топка од 1986 година, додека ќерките на Марадона тврдат дека трофејот е во нивна наследност и се противат да биде понуден на аукција.

Диего Марадона ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до титулата на Светското првенство 1986 во Мексико, откако во финалето ја победи Западна Германија со 3:2. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан