• сабота, 23 ноември 2024

Судот го призна тестаментот на Арета Френклин од 2014 година

Судот го призна тестаментот на Арета Френклин од 2014 година

Лос Анџелес, 12 јули 2023 (МИА) - Записот од пејачката Арета Френклин од 2014 година, пронајден во нејзиниот кауч по нејзината смрт во 2018 година, е важечки тестамент, според Законот во американската сојузна држава Мичиген, заклучи денеска поротата на крајот од судењето што ги подели синовите на „Кралицата на соул-музиката“.

Имено, адвокатите на Кекалф и Едвард Френклин тврдеа дека документот напишан 2014 година има предност пред тестаментот од 2010 година, којшто беше откриен речиси во исто време во заклучен плакар - во домот на Арета Френклин што се наоѓа во предградието на Детроит. Браќата Кекалф и Едвард се здружија против третиот брат Тед Вајт Втори кој тврдеше дека валиден тестамент од 2010 година се чува под клуч и дека тој документ е многу поважен и поверодостоен од „хартиите“ пронајдени во каучот.

По краткото судење кое почна во понеделникот, поротата расправаше помалку од еден час. Кога беше прочитана пресудата, се радуваа Кекалф и Едвард и нивните деца.

Има разлики меѓу верзиите на тестаментот од 2010 и 2014 година, иако и двата документи укажуваат дека четирите сина на Арета треба да ги делат приходите од нејзината музика и авторските права. Според тестаментот од 2014 година, Кекалф и неговите деца ќе го наследат главниот дом на неговата мајка во Блумфилд Хилс, што во мигот на нејзината смрт беше проценет на 1,1 милион долари, но денес вреди многу повеќе.

Инаку, четвртиот син Кларенс живее во дом за лица со попреченост, под старателство и не учествуваше во судењето.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан