• четврток, 26 декември 2024

Судот во Хонг Конг ја одби кауцијата за опозицискиот издавач

Судот во Хонг Конг ја одби кауцијата за опозицискиот издавач
Хонг Конг, 9 февруари 2021 (МИА) - Судот во Хонг Конг денеска ја одби кауцијата на новинскиот издавач Џими Лај кој се соочува со обвиненија врз основа на новиот закон за национална безбедност. Одлуката на Апелацискиот суд Лај да остане во притвор со образложени дека неговите злосторства се против државата и оти постои опасност од бегство. Лај беше уапсен во декември минатата година за време на акцијата против продемократските активисти обвинети за учество во антивладините протести во 2019 година. Тој ена 3 декември е обвинет за измама и за наводно кршење на договорот за закуп на канцеларија, каде е сместена неговата медиумска компанија „Нект диџитал“. Додека на 12 декември повторно е обвинет според Законот за национална безбедност под сомнение дека соработувал со странски служби и ја загрозил националната безбедност. Лај по денешната судска одлука останува во притвор до почетокот на судењето, што е закажано во април. Со Закон за национална безбедност се забранува сецесија на Хонг Конг, субверзија, тероризам и соработка со странски служби, а осудените според тој закон се соочуваат со доживотен затвор. ми/

Остани поврзан