• среда, 25 декември 2024

Судот во Ватикан ослободи двајца свештеници од обвиненија за сексуална злоупотреба

Судот во Ватикан ослободи двајца свештеници од обвиненија за сексуална злоупотреба
Ватикан, 6 октомври 2021 (МИА) - Судот во Ватикан ослободи двајца свештеници обвинети за вмешаност во наводна сексуална злоупотреба на младински семинар во Ватикан од 2006 до 2012 година. Денес 29-годишниот свештеник Габриел Мартинели е обвинет дека го принудил Л.Г. да имаат сексуални односи пред неколку години, кога двајцата биле малолетници. Судот утврди дека имало сексуален чин помеѓу двете момчиња, но дека нема доволно докази дека Л.Г. бил принуден на тоа.
Судот, исто така, утврди дека во сведочењето на Л.Г. постојат контрадикторности. Ова судење, кое започна пред една година, е прво во Ватикан што се спроведува под обвинение за сексуална злоупотреба.
Обвинителството побара и четиригодишна затворска казна за свештеникот Енрико Радиче (72), кој во тоа време бил ректор и кој бил обвинет за прикривање на наводното злосторство. И Мартинели и Радиче постојано ја негираа вината и тврдеа дека Л.Г. ги користи обвинувањата за лична одмазда против нив. паг/  

Остани поврзан