• недела, 22 декември 2024

Судијата Дин побара од Премиер лигата да не го делегира за следната рунда, добил смртни закани

Судијата Дин побара од Премиер лигата да не го делегира за следната рунда, добил смртни закани
Лондон, 8 февруари 2021 (МИА) - Фудбалскиот судија Мајк Дин нема да ја дели правдата во 24. коло од Премиер лигата. Арбитерот ги замоли шефовите на Премиер лигата да не го назначуваат за натпреварите од следната рунда, откако доби навреди на социјалните мрежи. Добил и смртни закани. Членови на семејството на судијата исто така биле навредувани и со закани, пишува „Скај Спорт“. Педесет и двегодишниот судија ја делеше правдата на натпреварите Манчестер јунајтед - Саутемптон (9:0) и Фулам - Вест Хем (0:0). На двата натпревари, судијата покажа контроверзни црвени картони, кои подоцна беа поништени. По натпреварот против Манчестер јунајтед, Саутемптон побара од Премиер лигата никогаш повеќе да не го назначува Дин на натпреварите на тимот. Како што објавија англиските медиуми, Дин ќе работи на натпреварот од ФА Купот помеѓу Лестер - Брајтон в среда. Преку купот, тој може да се врати на судењето на натпреварите од Премиер лигата. зс/

Остани поврзан