• среда, 18 декември 2024

Судир меѓу јужнокорејската полиција и обезбедувањето на Претседателот за време на претрес на кабинетот на Јун Сук-јеол

Судир меѓу јужнокорејската полиција и обезбедувањето на Претседателот за време на претрес на кабинетот на Јун Сук-јеол

Сеул, 11 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејската полиција три часа беше во судир со Претседателската служба за  обезбедување за време на претресот на претседателскиот кабинет, соопшти денеска локалниот радиодифузер YTN, пренесува Синхуа.

Претседателот Јун Сук-јеол не бил во зградата на кабинетот кога истражителите пристигнале за да запленат документи поврзани со шестчасовното воведување воена состојба минатата недела.

Јужнокорејската полиција соопшти дека претседателската служба за обезбедување ја блокирала специјалната истражна екипа да влезе во главната зграда на претседателскиот кабинет.

„Претресот на претседателскиот кабинет започна, и успеавме да добиеме пристап до одделот за граѓански услуги. Сепак, моментално не можеме да влеземе во главната зграда поради ограничувањата на пристап што ги наметнаа претседателските чувари,“ соопшти претходно портпарлот на полицијата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан