• четврток, 26 декември 2024

Судири на полицијата и демонстрантите во Холандија на протестите против епидемиските мерки

Судири на полицијата и демонстрантите во Холандија на протестите против епидемиските мерки
Амстердам, 25 јануари 2021 (МИА) - Холандската полиција употреби водени топови за разбивање на протестите организирани поради ограничувачките мерки против коронавирусот во центарот на Амстердам и уапси повеќе од 100 лица поради фрлање камења и употреба на пиротехнички средства. Протестот се случи еден ден откако Владата воведе ноќен полициски час, првпат по Втората светска војна. Меѓу демонстрантите имаше и сопственици на ресторани кои се спротивставуваат на „заклучувањето“. Протест се одржа и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ целата земја и беа изречени 3.600 казни за кршење на полицискиот час. Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и предупреди да се избегнува центарот на градот. Во саботата вечерта, во текот на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање на коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди. паг/

Остани поврзан