• четврток, 19 декември 2024

Судењето за Лидија Димова продолжува на 3 март

Судењето за Лидија Димова продолжува на 3 март

Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) – Судењето за случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница продолжува на 3 март.

На почетокот на судењето второобвинетиот призна вина со што кривичната постапка за Гочев беше одвоена и закажана за 21 февруари, а судењето продолжи само за првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за "злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Одбраната на Димова дополни уште три лица на листата сведоци, кои биле ангажирани непосредно во јавните набавки и службените патувања на Националната агенција.

Застапникот на обвинението, обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска, во своето излагање потенцира дека поради тоа што станува збор за правно лице истражувањето траело подолг временски период.

На тоа одбраната се надоврза истакнувајќи дека баш поради тоа што станува збор за специфицно правно лице доколку имало злоупотреба ќе реагирале и од надлежен орган од ЕУ кој има за цел да го следи трошењето на европските фондови.

Одбраната на Лидија Димова истакна рече дека ќе докаже оти спроведената истрага била нецелосна.
Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.свс/аа/

Остани поврзан