• сабота, 23 ноември 2024

Судар на возови во Германија: 13 лица повредени, тројца во критична состојба

Судар на возови во Германија: 13 лица повредени, тројца во критична состојба

Берлин, 24 септември 2024 (МИА) - На железничката пруга помеѓу Ксантен и Дуизбург, на западот на Германија, денеска дојде до судар на регионален воз со паркиран товарен воз, при што 13 лица се повредени, од кои тројца тешко, пренесува „Шпигел“.

Според портпаролот на федералната полиција, регионалниот воз околу 7:30 часот удрил странично во паркираниот товарен воз на пругата. Полицијата испратила спасувачки хеликоптер на местото на несреќата.

Регионалниот воз, во кој имало околу 30 патници, при сударот излетал на соседната пруга, по што удрил во локомотивата на товарниот воз кој бил паркиран, изјави портпаролот на полицијата.

И двата воза останале на шините по несреќата. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан