• среда, 25 декември 2024

Судан прогласи 15 дипломати од Обединетите Арапски Емирати за персона нон грата

Судан прогласи 15 дипломати од Обединетите Арапски Емирати за персона нон грата

Картум, 10 декември 2023 (МИА) - Судан прогласи 15 дипломати од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за персона нон грата и им нареди да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, објавија суданските медиуми.

Суданското Министерство за надворешни работи го повикало вршителот на должност на Обединетите Арапски Емирати и го информирал за одлуката, пренесе БТА. Не се дадени повеќе детали за случајот.

Во Судан од 15 април има конфликт меѓу армијата и паравоената организација Сили за брза реакција. Во август, Волстрит џурнал објави, цитирајќи официјални претставници на Уганда, дека нашле оружје во товарен авион наместо хуманитарна помош од ОАЕ за суданските бегалци во Чад. ОАЕ тогаш го негираа ова. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан