• петок, 05 декември 2025

Судан: Над 75 отсто од децата на школска возраст не одат на училиште

Судан: Над 75 отсто од децата на школска возраст не одат на училиште

Картум, 11 септември 2025 (МИА) – Над 75 отсто од децата на школска возраст не посетуваат училиште во Судан, соопшти денеска организацијата Спасете ги децата (Save the Children).

Ново истражување на оваа невладина организација проценува дека 13 милиони деца не одат на училиште, од вкупно 17 милиони деца на школска возраст во земјата, каде што се бележи една од најлошите образовни кризи во светот.

Околу седум милиони ученици запишани во училишта немаат пристап до образование поради конфликти или раселување, а шест милиони воопшто не се запишани во училиште.

Од април 2023 година, во суданските конфликти загинале десетици илјади луѓе, милиони се раселени и уништена е инфраструктурата на земјата, вклучувајќи училишта и болници. јт/

Остани поврзан