Сува трева горела во седум села, опожарена и дабова шума во кумановското село Живиње
- Кумановските и пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеле пожари во повеќе села во регионот, информираа денеска од РЦУК Куманово.

Куманово, 10 март 2025 (МИА) - Кумановските и пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеле пожари во повеќе села во регионот, информираа денеска од РЦУК Куманово.
Вчера горела и дабова шума во село Живиње. Опожарена сува трева горела во кумановските села Орашац, Табановце, Бељаковце, Доброшане и Черкези. Пожарите на отворено ги гаснеле по една пожарникарска екипа и едно возило. Во Старо Нагоричане пожарникарите интервенирале на опожарена сува трева во Ругинце и Сув Орах. Пожарникарите речиси цел ден биле на терен од 11 до 21 часот.
- Пожарникарите интервенирале во село Живиње на опожарена дабова шума, од 16:00 до 20:50 часот со противпожарно возило и четворица пожарникари. Во гаснењето учествувале и вработени од кумановската подружница на „Национални шуми“, соопштија од РЦУК Куманово.
Вчера кумановските пожарникари интервенирале и на опожарена бандера и електрично возило во село Долно Којнаре. ам/мд/
Фото: МИА