• вторник, 24 декември 2024

Субименди го одби Ливерпул, фудбалерот останува во Сосиедад

Субименди го одби Ливерпул, фудбалерот останува во Сосиедад

Мадрид, 13 август 2024 (МИА) - Мартин Субименди нема да премине во Ливерпул од Реал Сосиедад.

Според спортскиот портал „Релево“, фудбалерот од средниот ред одлучил да остане во матичниот клуб.

Претходно беше објавено дека Шпанецот се согласил да се пресели Ливерпул. „Црвените“ беа подготвени да ја активираат неговата ослободителна клаузула од 60 милиони евра.

Сосиедад, пак, се обиде да задржи клучен играч, вршејќи притисок врз него во врска со продажбата на Робин Ле Норманд во Атлетико Мадрид и можното заминување на Микел Мерино. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан