• четврток, 26 декември 2024

Суарез се врати во Национал

Суарез се врати во Национал
Монтевидео, 28 јули 2022 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, Луис Суарез го официјализираше трансферот во Национал.
Откако вчера тој објави дека постигнал договор со уругвајскиот клуб, Национал денеска го официјализираше неговото доаѓање. - Среќни сме што повторно те гледаме во најубавиот дрес на светот. Драго ни е што си дома, напишаа од клубот. Суарез потпиша петмесечен договор со клубот во кој своето професионално деби го направи во 2005 година. - Сега е официјално! Горд сум што повторно го носам дресот на Национал. Ви благодарим на сите за поддршката! Се гледаме наскоро, напиша Суарез. Претходно, тој настапуваше за Атлетико, Барселона, Ливерпул, Ајакс, Гронинген. ар/са/

Остани поврзан