• недела, 24 ноември 2024

Студија на Голдман Сакс: Вештачката интелигенција може да предизвика „сериозен пресврт“ на пазарот на труд

Студија на Голдман Сакс: Вештачката интелигенција може да предизвика „сериозен пресврт“ на пазарот на труд

Њујорк, 29 март 2023 (МИА) - Платформите за генеративна вештачка интелигенција, вклучително и четботот ChatGPT, може да предизвикаат „сериозни потреси“ на пазарот на трудот, објавија авторите на студијата спроведена од експерти од американската инвестициска банка Голдман Сакс.

Анализата на американскиот и европскиот пазар на труд покажа дека две третини од работните места би можеле да се автоматизираат, барем до одреден степен.

Во повеќето ризични професии во САД, вештачката интелигенција може делумно да замени помеѓу 25 и 50 проценти од вработените, заклучија аналитичарите. Тие укажуваат дека на глобално ниво, до 300 милиони работни места би можеле да бидат погодени од појавата на вештачката интелигенција. Сепак, неговата употреба може да ја зголеми продуктивноста на трудот и „со текот на времето“ да доведе до зголемување на глобалниот бруто домашен производ до седум отсто, се вели во извештајот на Голдман Сакс. Во него се наведува дека некои работни места ќе бидат повеќе погодени од вештачката интелигенција од другите. На пример, занимањата кои бараат тешка физичка работа имаат помала веројатност да бидат значително погодени.

Во САД, најголем дел од работните места кои најбрзо би можеле да се автоматизираат се во административните активности за поддршка во приватниот и јавниот сектор (46 проценти), правните (44 проценти), а потоа следат позициите во архитектурата и инженерските активности (37 проценти). Во финансискиот бизнис сектор, според експертите на Голдман Сакс, може да се заменат 35 отсто од работните места.

Податоците за Европа даваат слична слика. Најпогодени од вештачката интелигенција може да бидат работните позиции во помошни административни активности (45 проценти), а најмалку оние поврзани со занаетчиството (4 проценти). ссм/

Остани поврзан