• среда, 25 декември 2024

Студија: Втор зимски бран на Ковид-19 може да предизвика 120.000 смртни случаи во Британија

Студија: Втор зимски бран на Ковид-19 може да предизвика 120.000 смртни случаи во Британија
Лондон, 14 јули 2020 (МИА) - Вториот бран на новиот коронавирус, што може да се случи оваа зима во Велика Британија, може да предизвика 120.000 смртни случаи во најлошото сценарио и недостиг на подготовка, предупредува студија на Академијата за медицински науки во Велика Британија. - Ова не е предвидување, туку можно сценарио, рече професорот Стивен Холтгејт, шеф на студијата, спроведена од 37 експерти нарачани од владата на Борис Џонсон. Експертите препорачуваат надлежните органи сега да спроведат интензивна обука со цел да ги намалат ризиците од преоптоварување на здравствените услуги во текот на зимата. Некои студии предвидуваат дека новиот коронавирус, што предизвика 45.000 смртни случаи во Велика Британија, најтешко погодена од пандемијата во Европа, може да се врати со поголема сила во текот на студената сезона. Во извештајот на британските експерти се забележува дека постои голема неизвесност околу ширењето на Ковид-19. Сепак, во најлош случај, властите треба да бидат подготвени за стапка на пренесување од околу 1,7 во септември. Тој број одговара на просечниот број заразени со еден носител на вирусот. Во моментов, нејзината вредност во таа држава е 0,7-0,8. Во лоши околности, експертите предвидуваат пик на смртност и хоспитализација во периодот јануари-февруари 2021 година. зш/

Остани поврзан