• среда, 27 ноември 2024

Студија: Бугарите најмногу патувале во Грција и Турција

Студија: Бугарите најмногу патувале во Грција и Турција
Софија, 27 јули 2022 (МИА) – Грција останува омилена дестинација за патување за многу бугарски граѓани, според студијата на Националниот статистички институт на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во јуни во Грција имало над 176 илјади патувања на бугарски државјани. Турција е на второто место со 160.000 патувања. На третата и четвртата позиција се Србија и Романија, односно со 60 илјади и 54 илјади патувања. Во Северна Македонија патувале 32,3 илјади, а во Чешка 27,6 илјади. Според друго истражување, минатата година во Бугарија пристигнале 1.200.000 Романци, потоа 608.000 Германци и 345.000 граѓани на Грција. Од земјите што не се членки на ЕУ, Бугарија во 2021 година најмногу ја посетиле 429.405 Срби, а потоа 341.820 македонски државјани. нк/

Остани поврзан