• вторник, 24 декември 2024

Студентите од приватните факултети можат да користат бесплатен јавен превоз одлучи КСЗД

Студентите од приватните факултети можат да користат бесплатен јавен превоз одлучи КСЗД

Куманово, 20 мај 2023 (МИА) - Студентите од приватните факултети треба да користат бесплатен јавен градски превоз, одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по поднесените претставки на студентите од приватните факултети. Претседателката на студентско собрание на ФОН, Мила Петрушевска денеска информираше дека го добиле мислењето од КСЗД во текот на минатата недела.

- Според мислењето на КСЗД, утврдено е директна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус, редовни студенти на приватни универзитети, извршена од град Скопје во областа пристап до добра и услуги во образованиот процес. Сметаме дека мислењето на Комисијата ќе вроди со плод и ние ќе можеме да користиме бесплатен превоз како нашите колеги од државните универзитети. Три години сум стипендист, а има исто така и многу други студенти кои се со стипендија, навистина ова за нас е големо олеснување и можам да кажам дека конечно правдата дојде на видело, изјави Петрушевска.

Според мислењето на Комисијата, Град Скопје има рок од 60 дена да иницира измени и дополнувањата на одлуката за давање на субвенција на ЈСП Скопје со кој ќе се утврди правото на бесплатен превоз и на студентите запишани на приватните универзитети, што значи дека треба да обезбедат средства, бесплатен превоз на сите редовни студенти и од државните и од приватните универзитети.

МИА веќе информираше за недостигот на бесплатен превоз на студентите од приватните универзитети, кои претходно во февруари ја поднесоа претставата до Комисијата. ам/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан