• вторник, 20 јануари 2026

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6

Студено и сончево, минималната  температура - 8, максималната 6

Скопје, 19 јануари 2026 (МИА) - Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Според Управата за хитрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.лв/

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан