• среда, 25 декември 2024

Струјата по нова цена, од 1 декември повторно евтина дневна тарифа

Струјата по нова цена, од 1 декември повторно евтина дневна тарифа

Скопје, 1 јули 2023 (МИА) – Корисниците на регулираниот пазар на електрична енергија почнувајќи од денеска па во наредните шест месеци ќе ја плаќаат струјата по нова цена што во вторникот ја одреди  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Согласно одлуката, за 7,04 проценти се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти.

Како што појасни претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, сметката за струја што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка од 1 јули ќе биде пониска за 4,26 отсто, а доколку ДДВ-то за електричната енергија се врати на 18 отсто ќе биде повисока за 2,5 отсто. Евтината дневна тарифа за домаќинствата, како што потврди, ќе стартува од 1 декември годинава и ќе биде во периодот од 13 до 15 часот.

-РКЕ носи одлуки за цената без ДДВ. Доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто. Од 1 декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 проценти на сметките, прецизира Бислимоски. 

Во апсолутен износ, како што кажа,  ДДВ-то влијае 7 проценти. 

-За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26  проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок, рече Бислимоски.

Испораката на електрична енергија во регионот на Кочани, каде имаше привремено исклучување и прекин во снабдувањето поради пожарите, во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општин

Нагласи дека цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради заокружувањето има промена, односно минимално зголемување од 0,38 проценти. За малите потрошувачи, како што кажа, крајната цена ќе се зголеми за 0,3 проценти бидејќи ДДВ-то нема влијание зашто прават поврат на ДДВ.

-Математички пресметано за домаќинствата со вклучено зголемено ДДВ во првиот блок има намалување на цената за 0,28 отсто, во вториот блок има зголемување на цената од 2,88 отсто, во третиот блок зголемување од 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто. Кај домаќинствата со просечна потрошувачка влијанието на зголеменото ДДВ е 2,5 проценти, прецизира Бислимоски.

Најави дека од 1 декември се враќа и евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот. Тоа, како што рече, е максимумот што можело да се направи и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата. 

-Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Дневната цена на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената после 24 часот, рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стартуваат со услугата уште на 1 декември.

Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ. Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата. 

Според последните податоци, 170 илјади броила се контролирани преку далечинска комуникација, а екипите на Електродистрибуција ќе треба да сетираат околу 650 илјади броила.

Осврнувајќи се на завршувањето на мерката за примена на повластените стапки на ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата, министерот за финансии Фатмир Бесими вчера оцени дека мерките постојано се прилагодуваат на нивото на кризата и обликот на кризата во којашто се наоѓаме и цените што сакаме да ги постигнеме. Со новата методологија се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката за да се мотивира штедењето. Не само цената, туку и потрошувачката е дел од тоа.    

Бесими посочи дека Владата му дала препорака на АД ЕСМ да оди со пониска цена од цената на чинење и дека тоа де факто значи субвенционирање на цената на електричната енергија во оваа фаза. Дополнително, воведувањето на четири блок-тарифи, според Бесими, значи дека оние кои имаат помало ниво на трошење, имаат пониска цена така што ефектот од престанувањето на важењето на повластените стапки во некои групи ќе значи и намалување, односно во некои групи нема да има раст на цената.вј/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан