• среда, 18 декември 2024

Струмички „Комуналец“ објави дека водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба

Струмички „Комуналец“ објави дека водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба

Струмица, 16 октомври 2024 (МИА) - Анализата направена вчера на мостри од излезот на Фабриката за вода и три други места низ градот покажа дека водата ги задоволува параметрите за употреба за пиење, објави попладнево струмичкото комунално претпријатие.

Според објавеното испитување од акредитираната лабараторија „Проанализ“ од Струмица, испитуваната вода за пиење содржи манган во рамки на дозволеното, а и останатите параметри се во рамки на дозволените граници.

Освен од излезот на Фабриката за вода, испитувани се примероци од училиштата „Сандо Масев“ и „Димитар Влахов“, како и од Градинката Клон 6.

На објавените анализи на својот фејсбук профил реагираше градоначалникот Костадин Костадинов, кој напиша дека вистината излегла на виделина, а водата во Струмица со анализа направена од акредитирана лабораторија е питка.

-Кој и зошто се обидува повторно да наметне политичка тема, не ми е воопшто јасно ниту мене, а ниту на било кој граѓанин на Струмица. Повикувам на разум кај институциите, посебно кај министерот Трипуновски, не сме мали деца, туку чинители општествени, претставници на институции и имаме обврска пред граѓаните да ги застапуваме нивните интереси. Очекувам Институтот за јавно здравје јавно да соопшти зошто денес објавува анализи земени од пред 12 денови и доколку објавува стари податоци нека соопшти на граѓанството која категорија е водата од брана „Турија“, објави доцна попладнево струмичкиот градоначалник. 

Струмица и шест населени места веќе дваесет денови се без вода за пиење, а од 8 овој месец водата за пиење е забранета за употреба и во Општина Василево, која исто како и Струмица со вода се снабдува од акумулацијата „Турија“. рт/мч/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан