Струмица се подготвува за одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
- Утре со пригодна свечена програма пред споменикот на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, во Струмица ќе биде одбележана 154 годишнината од неговото раѓање (1872-1903), а денеска екипи на ЈПКД „Комуналец“ го исчистија споменикот и истоимениот плоштад
Струмица, 3 февруари 2026 (МИА) - Со пригодна свечена програма утре пред споменикот на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, во Струмица ќе биде одбележана 154 годишнината од неговото раѓање (1872-1903), а денеска екипи на ЈПКД „Комуналец“ го исчистија споменикот и истоимениот плоштад.
-Со денешното чистење на споменикот Гоце Делчев се надеваме дека ќе подобри изгледот на градскиот плоштад, а сето тоа ќе придонесеме и за зголемување на одговорноста и свеста на самите граѓани за поубав и почист изглед на животната средина, се наведува во објабвата на струмичкото комунално претпријатие на нивната фејсбук страница.
Од комуналното претпријатие апелираат и укажуваат за чување и неуништување на урбаната опрема, за оставање на сметот исклучиво во кантите за отпадоци, бидејќи колку повеќе се подига свеста толку побргу сите ќе имаат убаво, чисто и пристојно место за живеење. рт/сст/
Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица